Според La Gazzetta dello Sport, Милан се насочил кон играчот од средниот ред на Ница, Кефрен Турам, брат на напаѓачот на Интер, Маркус, но потребни се 40 милиони евра за да ги обезбеди неговите услуги.
Денешното печатено издание на La Gazzetta dello Sport, на страница 8, пишува дека Милан размислува да испрати понуда за францускиот репрезентативец Кефрен Турам, кој е под договор со Ница од француската Лиг 1.
Според весникот со розеви страници, бараната цена за 23-годишниот фудбалер е околу 40 милиони евра и иако потпишувањето на нов играч од средниот ред не е приоритет за „Росонерите“, името на Турам е високо на нивната агенда.
Приоритет на Милан е да потпише нов центарфор кој ќе го замени Оливје Жиру, кој се очекува да замине по крајот на договорот во јуни. После тоа, сепак, „Росонерите“ ќе се фокусираат на засилување на средниот ред.
Турам може да биде во искушение да се пресели на „Меаца“ за повторно да се обедини со својот брат Маркус во Милано, а „Росонерите“ можат да го искористат фактот што неговиот договор со Ница истекува во 2025 година.
Доколку Кефрен дојде во Милан, ќе игра миланско дерби против својот роден брат Маркус, кој гио брани боите на Интер. Интересно, нивниот татко Лилиан Турам порано настапуваше за Јувентус и Парма, а беше дефанзивец.