Министерство за здравство: Со новиот клинички центар висококвалитетна здравствена заштита

Скопје, 4 јуни 2019 (МИА) – Со изградбата на новиот Универзитетски клинички центар, здравствените работници ќе имаат подобрени услови за работа, младите идни колеги подобрени услови за образование, а сите заедно ќе добиеме висококвалитетна здравствена заштита и нега по најнови светски стандарди.

Тоа го соопшти денеска Министерството за здравство по вчерашната одлука на Владата со којашто се овозможи да почнат активностите за катастарско-урбанистичките работи на парцелата наменета за изградба на новиот клинички центар на утврдената локација во општина Ѓорче Петров.

На седницата  беше разгледана и усвоена информацијата и одлуката за давање согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место „ВЕЛЕ ПОЛЕ“, за изградба на објекти со намена А-времено домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Д-зеленило и рекреација и Е-инфраструктура, КО Кучково, КО Волково, КО Ѓ.Петров 1 и КО Ѓорче Петров 3, Општина Ѓорче Петров.

„Меѓуинституционалната и меѓуресорската соработка е важен сегмент во спроведување на проект од вакво значење кој е од интерес на сите граѓани на нашата држава. Колегите од повеќе институции активно работат на претходните работи за подготовка на реализацијата на проектот за изградба на нов Универзитетски клинички центар и покажаа дека заеднички можат да се постигнат резултати за исклучително кратки рокови“, се вели во соопштението.

Приоритет на Министерството за здравство, посочуваат од оваа институција, е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита, со што значително ќе се подигнат стандардите за лекување и третман на пациентите.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Read more

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе