Младите ракометари изборија пласман на СП во Алжир

Младата ракометна репрезентација на Македонија избори пласман на Светското првенство во Алжир, откако го освои првото место на квалификацискиот турнир кој изминатите три дена се играше во Скопје.

Избраниците на Илија Темелковски во последниот меч одговорија на предизвикот и против аутсајдерот Турција славеа со 39:19 (22:13). На младите ракометари им беше потребна победа од 19 и повеќе голови разлика, бидејќи конкурентот Португалија претходно ја совлада Полска 34:21.

Македонија носена од голманот Даниловски успеа да го скрши отворот на Турција по 20-та минута. Турците се држеа во првите 20 минути на само три гола негатива 14:11. До крајот на мечот Македонија постигна 25, а Турција само осум голови.

Даниловски на голот блескаше во вториот дел, успеа да ги одбрани сите нерезонски шутеви на турските ракометари, а мечот го заврши со 14 интервенции. Стрелците ги предводеше Шилегов со 10 голови, гол помалку постигна капитенот Талески, а со седум постигнати гола мечот го заврши Палевски.

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе