Мода & Стил

Модни митови кои треба да ги заборавитe

15. август 2019 - 11:55 | М.С.

Познати се неколку модни правила, но во последно време модните трендови ги рушат овие митови. 

Мит: Oвие парчиња облека стојат само на слаби и високи девојки.

Вистина: Ако нешто не ви прилега, во 99% од случајот причината е поради тоа што кројот не ви одговара.

Мит: Дезените со големи детали се наменети за крупните жени и обратно.

Вистина: Овој мит се сведува на претходниот- добриот дезен е добар дезен, без оглед на величината, вклучувајќи ги и хоризонталните линии.

Мит: Колку пари, толку музика.

Вистина: Цената не е нужно показател за квалитет. Најважно е да знаете да направите разлика помеѓу она што изгледа евтино и нешто што изгледа фенси, без разлика дали станува збор за облека, чевли или накит.

Мит: Половината и фигурата најдобро се истакнуваат со каиш.

Вистина: Наместо тоа, повеќе ќе привлечете внимание со кратка кожна јакна која ќе ја облечете врз фустанот.

Мит: Високите потпетици се пософистицирани од балетанките.

Вистина: Влезете во било кој шопинг центар и ќе видите дека сè е прашање на стилот. Балетанките можат да изгледаат еднакво убаво како високите потпетици.

Коментирај