Модриќ: Нема подобар од Реал Мадрид, другите се скалило под нас

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ, беше главна ѕвезда на спортскиот дел на 13-тото издание на Sharjah Ramadan Majlis.

Станува збор за симпозиум кој ги собра водечките арапски и меѓународни културни, уметнички и спортски работници, а се одржа во амфитеатарот „Ал Мајаз“ во Шарџа, град во Обединетите Арапски Емирати. Еден од говорниците беше Лука Модриќ, кој се осврна и на неговиот статус во Мадрид.

„Не знам дали ќе го продолжам договорот со Реал Мадрид следната сезона“, ја пренесоа тамошните медиуми изјавата на Модриќ.

„Нема никој подобар од Реал Мадрид, другите тимови, како што знаете, се скалило под нас. Ала Мадрид“, изјави Модриќ.

Лука е со „Кралевите“ од 2012 година и во овој дрес освои 23 трофеи.

„Реал Мадрид има посебен однос со Лигата на шампионите, поради што е клуб со најмногу титули во својата историја. Освоив 3 првенства и 5 Лига на шампиони, што е неверојатно. Кога пристигнав во Реал Мадрид мислев дека ќе ја освојам Лигата на шампионите еднаш или двапати, што е неверојатно, но сега имам пет, а тоа навистина е нешто лудо и уникатно“, рече тој, објаснувајќи зошто Реал Мадрид е толку добар во Лигата на шампиони.

„Веќе неколку сезони не играме добро во првенството, но кога ќе ја слушнеме химната на Лигата на шампионите, играчите се менуваат, стануваме подобри и играме подобро. Тешко е да се објасни, но среќни сме што е вака“, рече тој.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе