Свет

Москва предупредува на ризик од нуклеарна војна

12. септември 2019 - 16:29 | МИА

Москва, 12 септември 2019 (МИА) – Современата меѓународна ситуација покажува ризик од избувнување на светска нуклеарна војна, изјави денеска заменикот министер за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков при денешната презентација на извештајот „Ново разбирање и патишта за зајакнување на мултилатералната стратешка стабилност“.

– Постои ризик од нуклеарна војна. Овој негативен тренд посебно е забележан минатата година, наведе Рјабков.

Тој додаде дека постапките на Западот стануваат поемотивни и на моменти многу агресивни.

– Тие избегнуваат да разговараат за суштинските прашања, ја блокираат работата на каналите за дијалог, продолжуваат да ја уништуваат архитектурата за контрола на оружјето и намерно спроведуваат отворено деструктивна политика за да ги уништат децениските ефективни договорни механизми во областа на безбедноста и стабилноста, истакна Рјабков.

– Тоа е крајно опасно и неодговорно однесување. Тоа може да има многу негативни последици по стратегиската стабилност, рече заменикот-министер.

Тој додаде дека нуклеарните држави мора да потврдат дека е недозволиво да има нуклеарна војна.

– Одговорните нуклеарни држави мора да ја потврдат неприфатливоста на нуклеарната војна. Тоа се класични формули. Тие беа фалсификувани, вклучително со учеството на американскиот претседател Роналд Реган, кој е идол на многумина од денешните лидери што го диктираат тонот во Вашингтон, рече Рјабков.

Коментирај