МОСТ: Ситни неправилности во изборниот процес

Според потврдените информации, дојавени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, досега се забележани повеќе поситни неправилности на гласачките места, непочитување на постапката на гласање и проблеми предизвикани од подносители на кандидатски листи и гласачи.

Во Тетово е забележан пример кога член на избирачкиот одбор од политичка партија откинал пет гласачки ливчиња и му ги дал на друг член од политичка партија, кој отишол зад параванот и гласал. Гласачките ливчиња стуткани биле ставени во гласачката кутија.

Имало гласање на погрешно гласачко место, повеќе случаи на траги од невидливо мастило, кај луѓе кои дошле да гласаат првпат, семејно гласање, на местото во Избирачкиот список на гласач кој дошол да гласа веќе било потпишано друго лице, во општина Липково, УВ ламбата не била користена во текот на 1 час.

Во општина Карпош, членот на избирачки одбор од политичка партија го изнесол изводот од избирачкиот список надвор од гласачкото место. Друг член пријавил во полиција по што лицето било отстрането од гласачкото место, а за случајот била известена и ДИК.

Во општина Кавадарци, гласањето било прекинато 30 минути бидејќи еден гласач го скинал ливчето од член на семејството, сакал да ја искрши и кутијата, но бил спречен од избирачкиот одбор. Гласачот го напуштил гласачкото место со скинатото ливче. Била повикана полиција која направила записник и гласањето продолжило, а во општина Демир Хисар, член на избирачкиот одбор од политичка партија ги евидентирал гласачите во посебен список, додека во општина Пробиштип, партиски набљудувач водел евиденција кој гласа.

Забележани се случаи на вршење поткуп на гласачи од ромска националност пред училиштето „Санде Штерјоски“ во Кичево. Откако биле забележани од координаторот и мобилниот тим на МОСТ се префрлиле на друга локација. Едно лице агитирало пред ОУ „Александар Урдаревски“ во општина Чучер-Сандево во кое се сместени 2 гласачки места. Во општина Штип, членови на политичка партија агитирале пред гласачкото место.

Во општина Пласница, син на носител на јавна функција и набљудувач од политичка партија биле на раб на физичка пресметка, била повикана полиција која го отстранила првото лице, но истото останало пред гласачкото место и продолжило да агитира.

Забележани се случаи на фотографирање на гласачко ливче и тоа во Аеродром, во Ѓорче Петров, во Струмица, во Тетово, во Пехчево, во Центар и во Босилово.

Во текот на денот на бесплатната телфонска линија 080 080 080 и на neregulranosti.most.org.mk беа примени 60 пријави за граѓани, кои не се запишани во Избирачкиот список.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе