Може да станат агресивни: 6 сигнали дека кучето не сака да го допираат

Иако миленичињата не можат да зборуваат, тие комуницираат со нас преку голем број сигнали. Разбирањето на нивното однесување е важно за луѓето, не само за да ги задоволат нивните потреби, туку и да препознаат кога нешто не е во ред со домашното милениче.

Тренерот на кучиња Брона Дејли преку својот профил на TikTok откри кои шест сигнали укажуваат дека вашето куче не сака да го допираат во тој момент. Таа им препорача на сопствениците на кучиња внимателно да ги следат ненадејните промени во однесувањето на нивните миленици, бидејќи тие може да бидат знак за потенцијално агресивно однесување.

Кучето е вкочането или одеднаш престанува да се движи

Ако одеднаш почувствувате дека кучето многу се смирило, ова може да биде знак да се повлечете. Дејли наведува дека постојат неколку можни причини за оваа промена во однесувањето, вклучувајќи непријатност или страв.

Мускулите му стануваат напнати

Таа понатаму вели дека ако го галите вашето куче и почувствувате дека неговите мускули се напнати, веднаш тргнете ја раката. Кучето кое изгледа вкочането, се движи бавно или цело време се оддалечува, можеби не е заинтересирано за социјална интеракција. Од витално значење е да го слушате нивниот говор на телото бидејќи често може да послужи како предупредување пред поагресивно однесување.

Одеднаш почнува да се задишува или тешко да дише

Од друга страна, тешкото дишење или задишување често е знак на страв, болка или непријатност кај животните. Јазикот на телото што го придружува тешкото дишење е важно да се забележи за да се разбере што му треба на вашето куче. Ако се оддалечува од вас за да се чувствува удобно, најдобро е да го оставите на мира.

Почнува полека да 'ржи

Ако слушнете дека кучето почнува тивко да ви 'ржи, веднаш оддалечете се, бидејќи тоа е знак дека не ве сака во близина. Сепак, според многу стручњаци за домашни миленици, неколку други работи исто така се поврзани со 'ржењето, како страв, возбуда, болка, старост, па дури и гадење.

Се наведнува или се оттрга од вас

Ако вашето куче се обидува да се оттргне од вас, голема е веројатноста дека не сака да го следите. Исто како и секој или било што друго во светот, далечината им помага на луѓето и животните да се чувствуваат заштитени од непријатност или опасност.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Живот

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Read more

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе