Кога станува збор за трка со кабриолети, необичните правила придонесуваат не секогаш да победува најбрзиот автомобил.
Тоа најдобро може да се види преку трката организирана од страна на италијанскиот Quattroruote. Се натпреваруваат четири автомобили меѓу кои, зачудувачки, нема италијански претставник.
Најефтин, но и напопуларен е моделот Mazda MX-5. Со скоро двапати посилен мотор и поголема маса е Ford Mustang, потоа доаѓа 140 илијади евра скапиот BMW 850i xDrive и на крајот Porsche 911 Carrera S кој на хартија важи за најбрз од сите четири.
Интересното во оваа трка е што по сигналот за почеток возачите не тргнуваат веднаш, туку прво мора да го спуштат кровот. Токму брзината на спушптање на кровот може и тоа како да влијае на крајниот исход бидејќи не сите автомобили имаат иста брзина на спушптање на кровови.