Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

Најостро го осудувам инцидентот на вчерашниот натпревар помеѓу кошаркарските клубови МЗТ и Чаир – настан што кај сите нас предизвика сериозна загриженост. Насилството во спортот не само што го поткопува духот на натпреварувањето, туку и ја загрозува безбедноста на спортистите и навивачите. Ова на својата Facebook страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, по безбедносниот инцидент на вчерашниот натпревар кој беше прекинат поради напад од неофицијални лица врз тренерот и играчите на МЗТ.

Тој потенцираше дека кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се спортски херои во Аеродром, а браќата Дамјан и Војдан вистински кошаркарски легенди, а задача и одговорност на сите е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција.

„Кошаркарите на МЗТ и целиот стручен штаб се нашите спортски херои, а браќата Дамјан и Војдан национални кошаркарски легенди. Гарантирањето на нивната безбедност и овозможувањето на фер игра се наша обврска и задача. Дополнително, одговорност и задача на сите нас, како заедница и општество е да промовираме спортска култура, меѓусебно почитување и здрава конкуренција“, истакна градоначалникот Муцунски во својата Facebook објава.

Имајќи ја предвид сериозноста на вчерашниот инцидент, тој побара од Кошаркарската федерација на Македонија и останатите надлежни институции да ги преземат сите неопходни мерки за негово целосно расчистување и нагласи дека неопходно е во иднина сите заедно да работиме на спречување на секоја форма на насилство и агресија на спортските терени.

Инцидентот се случи синоќа кога натпреварот помеѓу Чаир 2030 и МЗТ бешe прекинат на полувремето и не продолжи. На полувремето, на пат кон соблекувалните, кошаркарите на актуелниот македонски шампион беа нападнати од непознати лица. Кошаркарите на МЗТ потоа одбија да го продолжат натпреварот. Првото полувреме заврши со водство на МЗТ од 44:42.

Домаќините на овој натпревар, Чаир 2030 демантираше дека гостите биле нападнати.

„Супер натпревар, брилијантна атмосфера, преполна сала, забавна вечер за паметење која долго ќе остане во нашите сеќавања, со што уште еднаш се потврди дека Чаири бил и ќе биде спортско гнездо, Што се однесува до вестите и лагите кои кружат, целосно ги демантираме со факти каде целиот натпревар е снимен од сите агли од многу медиуми. Наводниот 'инцидент' е фикција на противничкиот тим каде, како и секогаш, во моментот кога гледаат дека губат, измислуваат работи кои не се точни. Гарантираме дека во ниеден момент немало физички контакт, од моментот кога пристигнаа па сѐ до моментот кога заминаа од салата“, се вели во објавата на КК Чаир 2023 на Facebook .

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе