На аукција најголемиот дијамант на светот, откриен последниов век

Најголемиот дијамант на светот, проценет на повеќе од 70 милиони американски долари, ќе биде понуден на наддавање на 29-ти јуни во Лондон, објави аукциската куќа Sotheby's. 

Овој необработен скапоцен камен, наречен „Lesedi La Rona“, кога беше откриен кон средината на ноември 2015 година беше објавен како вториот најголем откриен дијамант на светот од 1.109 карати, а најголем што бил откриен во последниов век. Пронајден беше во рудникот Карове во Боцвана, околу 500 километри северно од главниот град Габороне од компанијата „Lucara Diamond“, којашто се занимава со ископување скапоцени камења.

Станува збор за најголемиот дијамант најден на територијата на Боцвана, којашто инаку е најголемиот светски производител на овие скапи камења, и најголемиот на светот откриен последните стотина години. Во истиот рудник во Боцвана претходно се пронајдени уште два извонредни дијаманта, еден од 813 карати и уште еден од 374 карати.

„Тоа е дијамант од 1.109 карати, најголем на светот откриен во последните повеќе од сто години“, изјави во средата во Њујорк Дејвид Бенет, директорот на меѓународниот оддел за накит на аукциската куќа Sotheby's. Додаде дека првпат необработен дијамант со толкава големина ќе биде понуден на наддавање.

Скапоцените камења ископувани најчесто во Јужна Африка, вообичаено минуваат низ третман на нивно раздробување, полирање и обликување, кој трае повеќе од една година.

Најголемиот необработен дијамант во историјата, инаку, е откриен во јануари 1905 година во Јужноафриканската Република. Имал 3.106,85 карати и тежел 621,35 грама, а е познат како „Cullinan“. Го пронашол рударот Томас Ивен Пауел, а називот го добил по Сер Томас Кулинан.

Мајсторите за дијаманти од Амстердам, кои и денес се најдобрите на светот, го раздробиле „Cullinan“ на девет големи обработени брусени делови и многу помали, од кои поголемиот дел завршил во колекцијата од скапоцени камења на англиската кралска ризница, која се чува во лондонски Тауер.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе