На граничниот премин Долно Блаце, при влез во Р.Македонија од слобода е лишено лице од Косово, барано со потерница од Интерпол.
Вчера во 13:40 часот на Граничниот премин-Долно Блаце при влез во Р.Македонија бил лишен од слобода Б.У.(32) од Косово, кој се барал со потерница од Интерпол.
Лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.