НАТО ја повтори поканата за Македонија, но по решение за спорот за името и договорот од Пржино

Во завршното коминике договорено во саботата попладнето од челниците на земјите членки на НАТО на самитот во полската престолнина Варшава се повторува поканата Македонија да стане членка на Алијансата.

Сепак тоа е условено со наоѓање решение на спорот за името, а воедно се упатува повик за реформи во областа на судството и медиумите и исполнување на договорот од Пржино и се искажува загриженост за оддалечување од вредностите на Алијансата.

„Ја повторуваме нашата одлука од самитот во Букурешт во 2008 година, која беше повторена и на следните самити на НАТО, дека упатуваме покана до поранешната југословенска Република Македонија за членство во НАТО штом ќе се изнајде взаемно прифатливо решение на спорот за името. Оттаму, силно повикуваме на интензивни напори за да се најде решение на спорот. Поттикнуваме натамошни напори за развој на добрососедски односи”, пишува во заклучокот број 114 од завршното коминике во кое во вкупно 139 точки се содржани заклучоците од самитот.

Во точката 110 се истакнува дека НАТО останува посветен на политиката на отворена врата, односно дека ќе продолжи проширувањето на Алијансата. Поздравен е приемот на Црна Гора, која стана првата нова членка на НАТО од 2008 година, како доказ дека НАТО сé уште се шири, и се оценува дека вратите остануваат отворени за сите европски демократски држави кои ги споделуваат вредностите на Алијансата и кои се способни и подготвени да ги преземат обврските на членството во НАТО.

„Одлуките за членство ќе ги носи само НАТО”, пишува во овој дел на заклучоците, со кој се упатува порака дека Русија или други надворешни сили немаат право на вето на проширувањето повикувајќи се на заштита на своите геополитички интереси.

„Ги охрабруваме партнерските земји кои сакаат да се зачленат во Алијансата – Грузија, поранешната југословенска Република Македонија и Босна и Херцеговина, да продолжат да ги спроведуваат неопходните реформи и одлуки во подготовка за членство. Ние ќе продолжиме да им нудиме поддршка во нивните напори и да очекувам од нив да преземат чекори кои се неопходни за напредок во нивните аспирации”, се наведува.

Во точката 114 дополнително се вели дека НАТО е загрижен од политичкиот развој на настаните во Македонија, со кој земјата се оддалечила од вредностите на НАТО, и се повикуваат македонските политички лидери целосно да ги исполнат своите обврски предвидени со договорот од Пржино.

„Ги препознаваме почетните чекори за имплементирање на овој договор и го обновуваме нашиот повик до сите партии да бидат ангажирани во ефективен демократски дијалог за да се подготват кредибилни избори, да се засили владеењето на правото, слободата на медиумите и независноста на судството. Ќе продолжиме одблиску да го следиме напредокот на Скопје во овие области, кои се дел од суштинските вредности на НАТО”, пишува во делот од заклучоците посветен на Македонија. На самиот крај, НАТО изразува благодарност за македонската посветеност кон меѓународната безбедност и македонскиот придонес кон мисиите на НАТО, учеството во регионалните дијалози и процеси на соработка и посветеноста на процесот на проширување на НАТО.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Македонија

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Read more

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Read more

Во мај уште еден продолжен викенд

Read more

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Read more
 

Вести

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе