Научниците советуваат: Децата што јадат риба се поинтелигентни

Децата што консумираат риба најмалку еднаш неделно имаат поголем коефициент на интелигенција од останатите деца, велат научниците.

Коефициентот на интелигенција (IQ) кај децата што редовно консумираат риба е во просек повисок за речиси 5 бода, вели студијата направена од Универзитетот во Пенсилванија, која е објавена во списанието Scientific Reports.

Истражувачите веруваат дека воочената врска би можела да е поврзана со внесот на омега-3 масни киселини кои се концентрираат во мозокот, и кои имаат важна улога во одржувањето на невролошките функции.

Покрај тоа, децата што често јадат риба имаат квалитетен сон, покажа едно истражување спроведено уште во 2017 година, а во кое учествувале околу 500 деца на возраст од 9 до 11 години.

Американски научници од Универзитетот „Пен стејт“ неодамна потврдија дека внесот на омега-3 масните киселини е поврзан со подобро функционирање на мозокот.

Податоците собрани од 250 пациенти со болести на срце и крвните садови, кои биле следени 30 месеци, со помош на низа тестирања на когнитивните способности откриле позитивно влијание на омена-3 масните киселини.

Освен риба, добри извори на омега-3 масни киселини се и јаткастите плодови, маслото произведено од овошје и лиснат заленчук (блитва, морач, праз, зелена салата, спанаќ...).

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе