Нема да им се допадне на голманите – ФИФА најави промена на едно правило

Макфакс/Кајгана
/ 25.03.2024 / 14:09

ФИФА се откажа од синиот картон, но ИФАБ (надлежен за правилата на играта) најави измена на постојното правило, односно казната, која судиите никогаш не ја применуваат. Имено, кога голманот ја држи топката подолго од 6 секунди, поради задржување на времето, судијата мора да досуди индиректен удар за противничката екипа во шеснаесетникот.

Тестирањето на ова старо-ново правило ќе започне следната сезона и голманите ќе можат да ја држат топката подолго од претходно, односно 8 секунди. Но, кога ќе истечат првите 3 секунди, судијата ќе ја крене раката и ќе почне да одбројува до 5.

Голманот, доколку не се ослободи од топката на крајот од одбројувањето, ќе биде казнет во вид на прекршок. Правилото прво ќе важи во пониските лиги.

Иан Максвел, извршен директор на Шкотската фудбалска асоцијација и член на одборот на директори на ИФАБ, ги објасни причините за воведувањето на ова правило:

„Забележавме зголемен тренд на губење време за време на натпреварите, а тоа најчесто се случува кога топката е во рацете на голманот. Тешка ситуација што судиите ја решаваат според сегашните правила, затоа и го зголемуваме времето на 8 секунди. Судијата ќе крене рака за да ги сигнализира последните 5 секунди, за да бидат свесни играчите и гледачите. Ќе го оцениме ефектот и се надеваме дека ќе го зголемиме бројот на минути активна игра“.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more
 

Спорт

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе