Неверојатниот Фелпс освои уште две злата

Најтрофејниот олимпиец во историјата, пливачот Maјкл Фелпс од САД, ја зголеми својата колекција олимписки одличја, откако ги освои златата на трките 200 метри делфин и 4x200 слободно и сега има 21 медали.

Американецот до јубилејниот дваесетти медал стaса со победата над големиот ривал и бранител на титулата Чад ле Клос од Јужна Африка во трката на 200 метри делфин, а потоа му помогна на тимот на САД да запише убедлива победа во штафетата.

Фелпс во трката која беше врв на вечерта му се одмазди на Ле Клос за поразот во Лондон пред четири години и пливаше 1:53,36, а Јужноафриканецот не стигна ни до пиедесталот со време 1:54,06. Среброто го освои Јапонецот Масато Сакаи 1:53,40, а бронзата Тамаш Кендреши 1:53,62.

Американецот првото вртење го направи по Унгарецот Ласло Чех, но набрзо го презеде водството и не го испушти до крајот. Сакаи во последните 50 метри додаде гас, но сепак немаше сила да го загрози Фелпс во драматичниот финиш.

За разлика од таа трка, онаа на 4x200m слободно, беше лишена од возбуда. Американскиот тим во состав Двајер, Хас, Лохти и Фелпс темпото го изгуби дури во третата промена, но дотогаш имаа солидна предност, која на крај Фелпс само ја потврди.

Сад имаше време од 7:00,66, а зад нив беа Британците 7:03,13, додека бронзата ја освои Јапонија 7:03,50.

Фелпс на овие Олимписки игри зеде злато и во дисциплината 4x100 слободно, а може да стигне уште до две медаљи, на 10 0 метри слободно, повторно против Ле Клос, ноќта меѓу петокот и саботата, и на 200 метри мешано, ноќта меѓу четврток и петок.

Неговата примарна цел веќе е исполнета, а тоа е титулата на 200 метри делфин, која ја испушти во Лондон.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Останати спортови

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе