НФЛ за прв пат доаѓа во Јужна Америка: Иглс сезоната ќе ја отворат во Бразил

Новата сезона во НФЛ лигата за тимот на Филаделфија Иглс ќе започне од Бразил, односно во градот Саун Пауло, најави комесарот на натпреварувањето Роџер Гудел.

Натпреварот е предвидено да се игра во петок, на 6 септември 2024, што ќе биде првпат во последните 50 години отворањето на ова натпреварување да се игра во петок.

„Убедени сме дека американскиот фудбал може да стане глобален спорт за многу краток временски период. Со задоволство можам да објавам дека овој натпревар ќе се игра во Бразил, бидејќи тоа е одлична можност да го промовираме нашиот спорт“, рече Гудел.

URL

Сѐ уште не е познато кој тим ќе им биде ривал на „Орлите“ ден по официјалниот почеток на лигата, но едно е сигурно дека натпреварот ќе биде запишан како играчите на Филаделфија да го одиграле на домашен терен.

Американските медиуми пренесуваат дека во Бразил има исклучително силна база од 58 милиони љубители на американскиот фудбал и затоа е одлучено натпреварот да се игра токму во оваа земја.

URL

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Неу Кимика Арена“ на Коринчјанс, кој може да прими 49.205 навивачи, а каде се одиграа и натпревари од Мундијалот во 2014 година кога домаќин беше Бразил и тоа и отворањето меѓу Бразил и Хрватска.

URL

НФЛ натпревари веќе се одиграа во Англија и Германија, а следна дестинација, според американските медиуми, би можела да биде Шпанија, која во текот на 2025 година е планирано да биде домаќин на играчите од НФЛ.

реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе