Нобеловата награда за мир доделена на колумбискиот претседател Сантос

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос е годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир, објави денеска во Осло норвешкиот комитет кој го доделува ова престижно признание.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, и покрај тоа што неговите сонародници во неделата на референдум не го прифатија договорот што го постигна командантот на левичарските герилци од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (Fuerzas Armadas Revolucionarias de Colombia - FARC) Родриго Лондонo Ечевери наречен Тимоченко (Тимошено), за ставање крај на војната во којашто загинале најмалку 260.000 луѓе, 45.000 се водат како исчезнати, а 6,9 милиони лица се раселени, по што според аналитичарите отпадна како сигурни фаворити за признанието, е добитник токму поради напорите во преговорите и потпишувањето на договорот.

Сантос е награден поради своите одлучни напори да ја доведе до крај граѓанската војна, која е најдолгиот вооружен судир на западната хемисфера и воопшто еден од најдолгите во , објави Норвешкиот Нобелов комитет. „Тој ги иницираше преговорите коишто кулминираа со потпишувањето на мировниот договор меѓу владата и герилците од FARC“, се наведува во образложението.

„Сантос вети дека ќе го заживее мировниот план и покрај неуспехот на референдумот. Гласачите не му кажаа ‘не’ на мирот, рекоа ‘не’ за аранжманите од спогодбата. Со тоа уште повеќе е поважно страните од договорот кој ги предводат претседателот Сантос и водачот на герилците Лондоно, да продолжат да го почитуваат примирјето“, изјави претседателската на норвешкиот комитет, Карин Сесил (Каци) Кулман

Наградата за Сантос треба да се гледа и како признание за колумбискиот народ, на оние кои придонеле за мировниот процес и за претставниците на безбројните жртви на војната, додаде Клуман конзервативна политичарка која од 2003 година е на чело на комитетот.

Годинава Нобеловиот комитет добил рекордни 376 номинации за Нобеловата награда за мир, што претставува голем пораст во однос на 278 пред две години.

Аналитичарите пред референдумот беа уверени дека потписниците колумбиски мировен договор ќе бидат добитници на Нобеловата награда за мир, но по објавувањето на резултатите од плебисцитот беа уверени дека за тоа нема никакви шанси. Но, според веќе востановеното правило, повторно имаа погрешни прогнози.

Аналитичарите, така, сметаа дека Нобеловата награда за мир би требало да поделат американскиот министер за енергетика Ернест Мониз и челникот на иранската организација за атомска енергија Ал Акбар Салехи. Директорот на норвешкиот институт за мировни студии Кристијан Берг Харпвикен верува дека меѓу главните кандидати е и руската активистка Светлана Ганушкина, која со децении работи со мигрантите и бегалците. Како други потенцијални добитници се споменуваа сириската волонтерска спасувачка организација „Бели шлемови“, жителите на грчите острови кои им помагаат на очајните бегалци кои стигнуваат на нивните брегови, лекарот од Конго Денис Муквеге поради неговата работа си илјадниците силувани жртви на војната, Едвард Сноуден кој го обелодени масивното следење на електронските комуникации на милиони луѓе во светот од страна на американската Агенција за национална безбедност (NSA), и архитектите на климатскиот договор COP21.

Аналитичарите не можат да се согласат кој би можел да биде добитник, но се сигурни дека тоа нема да републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, кој исто така е номиниран, од засега непозната организација или институција.

Паричниот дел од наградата изнесува осум милиони шведски круни, или според важечкиот курс 932.000 американски долари.

Шведскиот изумител и индустријалец Алфред Нобел (1833-1896) стекнал големо богатство од изумот на динамитот и одлучил да го искористи за востановување на денес најпрестижните светски награди, кои е се наречени по него.

Нобел во својот тестамент од 1895 година наложил неговото богатство да се искористи за наградување на „оние кои претходната година најмногу придонеле за човештвото“. Наградата за мир ќе ѝ биде доделена на „личноста којашто најмногу сторила на збратимување на народите, укинување или намалување на војските или за одржување или промовирање на мировниот конгрес“, напишал Нобел.

Наградата за мир е единствената од шесте за кои се одлучува во Норвешка. Нобел сакал ја вклучува во Норвешка во својата иницијатива, бидејќи Норвешка и Шведска во тоа време биле здружени во една држава.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе