Авто новости

Новата KIA Optima - конкуренција во класата на Passat

18. ноември 2019 - 17:10 | М.С.

KIA по одличната работа со SUV и компактните модели, продолжува да работи со исто темпо. Деталите и изгледот на новата KIA Оptima се преставени во Јужна Кореја, а новиот автомобил пристигнува во продажба наредниот месец. Наскоро се очекува биде претставена верзијата за европските и американските купувачи.

По многубројните најави и скици, KIA ја претстави новата Optima која со дизајнот е вистински конкурент на европскиот пазар. На атрактивната силуета најпрво се забележуваат предните LED светла чијшто дизајн е преземен од моделот Cadenza.

Новата Optima е долга 4,905 милиметри. Благодарение на новиот дизајн е пониска за 20 милиметри.

Од KIA сè уште не сакаат да ја покажат внатрешноста на новата Optima, но од скиците откриваат дека KIA сака да се приближи до премиум сегментот, како со дизајнот така и со уредувањето на внатрешноста.

Засега не е познато кога KIA ќе ја претстави новата Optima во Европа, но со оглед на тоа дека на домашниот пазар пристигнува во декември, логично е во Европа да пристигне во втората половина од наредната година.

Коментирај