Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Мухамед Салем, фотограф на Reuters, денеска ја доби престижната награда World News Photo Award 2024 за неговата фотографија од Палестинка која го гушка телото на нејзината петгодишна внука во Појасот Газа.

Фотографијата е направена на 17 октомври 2023 година во болницата Насер во Хан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, каде семејствата трагаа по роднините убиени во израелските бомбардирања. На фотографијата се гледа како Инас Абу Маамар (36) липа и го држи телото на нејзината внука Сали завиткано во чаршаф во болничката мртовечница.

„Фотографите работат под голем ризик“

Во прогласувањето на добитникот на наградата, Светската фоторепортерска фондација со седиште во Амстердам ја истакна важноста на признавањето на опасностите со кои се соочуваат новинарите кои покриваат конфликти. Во војната меѓу Израел и Хамас, која избувна по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, загинаа 99 новинари.

„Вести и документарни фотографи ширум светот работат под голем ризик“, рече Џумана Ел Зеин Хури, извршен директор на организацијата. Во изминатата година, бројот на убиени новинари во Газа е речиси рекорден. Важно е да се разберат траумите што ги доживеале за да му се покажат на светот хуманитарните последици од војната“.

„Увид во незамислива загуба“

Салем, 39-годишен Палестинец, работи за Reuters од 2003 година. Тој ја освои истата награда во 2010 година. Судиската комисија рече дека неговата победничка фотографија во 2024 година била „компонирана со грижа и почит, обезбедувајќи метафоричен и буквален увид во незамислива загуба."

„Почувствував дека фотографијата ја сумира поголемата смисла на она што се случува во Појасот Газа“, рече Салем кога фотографијата за прв пат беше објавена во ноември. „Луѓето беа збунети, трчаа од едно место до друго, нетрпеливи да ја дознаат судбината на своите најблиски, а таа жена ми го привлече окото држејќи го телото на девојчето и не сакаше да го пушти“, рече тој.

Се бираше од повеќе од 61.000 фотографии

Жирито ја избра победничката фотографија меѓу 61.062 фотографии поднесени од 3.851 фотограф од 130 земји.

Фотографот на списанието GEO, Ли-Ен Олваџ од Јужна Африка, победи во категоријата приказна на годината со фотографии што ја документираат деменцијата во Мадагаскар.

Во категоријата долгорочни проекти победи Алехандро Чегара од Венецуела за фото серијалот „The Two Walls“ за New York Times/Bloomberg.

Украинската фотографка Јулија Кочетова ја освои наградата за отворен формат за нејзината работа „Војната е лична“, која ја документира војната во нејзината земја преку мешавина од фотографии, поезија, аудио и музика во документарен стил.

URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе