Новиот iPhone поттикнува трипофобија

Лос Анџелес, 11 септември 2019 (МИА) – Дизајнот на новите iPhone ја поттикнува трипофобијата кај луѓето кои страдаат од ова нарушување. iPhone 11 Pro и iPhone 11 Pro Max на задната страна имаат три камери со 4х оптички зум. Но, проблемот е во тоа како камерите се распоредени.

Имено, луѓето кои страдаат од трипофобија всушност се плашат од многу дупки на исто место, како на пример кај пчеларникот. Такви површини едноставно им предизвикуваат непријатности и тие не можат да ги гледаат. А, трите камери на новиот iPhone имаат токму таков облик.

„iPhone 11 треба да оди со предупредување за трипофобија”, „Ако купите ваков мобилен, немојте да ми го покажувате”, „Трипофобијата постои, а новиот iPhone ја поттикнува”, „Нема да можам да живеам ако луѓето околу мене шетаат со ваков мобилен” – се само дел од коментарите на интернет.

Првото научно истражување за оваа фобија е објавено 2013 година во списанието Psychological Science. Научниците ја објаснуваат како еволуциска последица и таквите слики кај некои луѓе предизвикуваат страв, можеби затоа што визуелните карактеристики тука ги потсеќаат на некои отровни организми, на пример змии или пајаци.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе