ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2024

Новиот Меси потпиша за Манчестер Сити: Но, патот до синиот дрес ќе биде долг

Наречен Ел Диаблито (Ѓаволчето), новиот играч на Сити уште не се проби во Ривер, а веќе направи голем трансфер.

Аргентинскиот гигант Ривер Плејт го продаде Клаудио Ечевери на Манчестер Сити за 18 милиони евра, а според договорот клубот од Буенос Аирес може да заработи дополнителни 9 милиони евра како бонус, пренесуваат светските медиуми.

Според тој договор, постојат две опции: талентираниот Аргентинец кој веќе го нарекуваат „новиот Меси“ да остане во Ривер Плејт до јуни или можеби дури и до крајот на 2024 година, а потоа би следела преселба во Европа.

Сепак, кое и да се реализира од овие две сценарија, ниту едно од нив не подразбира директно доаѓање во редовите на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите.

Напротив, Ечевери прво би преминал во каталонската Жирона, каде би играл шест месеци или цела сезона, а доколку се покаже како добро решение во Ла Лига, Пеп Гуардиола би го повикал во Англија.

URL

Договорот на младиот Аргентинец со Ривер истекува во јануари следната година, а тој јасно стави до знаење дека не сака да го продолжи и клубот практично беше принуден да го продаде нешто за да заработи од неговиот талент.

Во вторникот Ечевери наполни 18 години и истиот ден потпиша договор со најдобриот европски клуб кој долго време го следеше и скаутираше, а Манчестер Сити верува дека со овој потпис завршил исклучителна работа за иднината.

Покрај „Граѓаните“, за услугите на Ечевери беа заинтересирани и Реал Мадрид, Атлетико, ПСЖ, Јувентус, Милан и Бенфика, но Манчестер Сити беше најбрз и најконкретен, па талентираниот Аргентинец му вети лојалност на клубот од „Итихад“.

Ечевери летоска беше прекомандуван во првиот тим на Ривер и оттогаш запшиша само 6 настапи, не постиогна гол, а еднаш асистираше. За Аргентина има играно само за репрезентацијата до 17 години, а на У17 Мундијалот во номеври му даде хет-трик на Бразил во четврфиналето.

Од 2017 година е дел од Ривер, а претхдно настапувал за младинските категории на Депортиво Лухан. Го викаат Ел Диаблито (Ѓаволчето) по легендарниот боливиски голгетер Марко Ечевери, кој го носеше прекарот Ел Диабло (Ѓаволот), бидејќи двајцата споделуваат „ѓаволски“ дриблинг, темпо во ситуации еден на еден и моќен удар, како и сличното презиме (едниот е Echeverri, другиот Etcheverry).

Remote video URL
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе