Облачно со повремени врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет.
Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен.
Утринските температури ќе се движат од -6 до 1 степен, додека дневните ќе бидат во интервал од -3 до 4 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -3 и дневна до 1 степен.
Во среда врнежите ќе бидат од снег и ќе бидат со слаб интензитет, а ќе дува и умерен ветер од северен правец. Од четврток облачноста постепено ќе се намалува и утрински температури ќе бидат во опаѓање, а дневните во благ пораст.