Од печат излезе Варшава го исцртува Скопје од Кинга Нетман-Мултановска

Макфакс/Кајгана
/ 06.07.2023 / 18:02

Деновиве од печат излезе книгата комплетно посветена на Скопје – „Варшава го исцртува Скопје“ од полската авторка Кинга Нетман-Мултановска.

Се работи за книга што фрла поглед на голем период од историјата на Скопје, од неговото историско освојување од Османлиите, сè до денешен ден, а главниот акцент е ставен врз огромната помош што полските урбанисти и архитекти несебично му ја даваат на Скопје по земјотресот. Инспиративно, филигрански изработено четиво, од кое многумина скопјани ќе дознаат многу нешта за својот град што досега не ги знаеле.

„Фасцинантна, многуслојна книга. Израз на страста и компетенцијата на авторката, која, пишувајќи за мисијата на варшавските урбанисти во Скопје и за судбината на Северна Македонија, ја открива заборавената солидарност на Полјаците со Македонците, врската на Полска со Балканот. Оваа прекрасна публикација има уште една основна димензија: го прикажува европското наследство преку палимпсестот Скопје – местото каде што се вкрстуваат христијанството, исламот, јудаизмот и атеистичкиот хуманизам. Кинга Нетман-Мултановска раскажува за градот покрај Вардар како за своја мала татковина зашто ѝ подарил нова перспектива за запознавање на себеси и на својата култура. Љубовта кон ова парче земја ме зарази и мене. Скопје е и наша судбина, наша Европа. Скопје сме ние!“, вели Базил Керски, директор на Европскиот центар на солидарностаа во Гдањск.

Книгата има 492 страници, има и фотографии, а е преведена од полски јазик од Филип Димевски.

Објавена со поддршка од Амбасадата на Република Полска во Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија, а во издание на БЕГЕМОТ.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе