Двајца разбојници со закана со пиштол синоќа ја ограбиле спортската обложувалница „Спорт Лајф“, лоцирана на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“, во Топанско Поле.
Вработен во спортска обложувалница „Спорт Лајф“, лоцирана на ул.„Ѓорѓи Поп Христов“ пријавил дека две засега непознати маскирани лица го скршиле шалтерското стакло и со закана со пиштол им наредиле на вработените дневниот промет да го стават во кеса, по што напуштиле местото одземајќи засега неутврдена сума на пари.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.