Општина Центар отстапи простор за уметниците избркани од МКЦ

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека неговата општина ги прифатила уметниците кои повеќе не можат да го користат Младинскиот културен центар.

Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ и Младинскиот центар „Матично“ ги отворија вратите за уметниците на кои им беше одземен просторот за работа во МКЦ. Ликовните и театарските работилници на уметникот Доротеј Нешовски и актерката Нина Максимова ќе продолжат да функционираат во пријатниот и креативен амбиент на културните катчиња во Општина Центар. Детското ликовно ателје на мултидисциплинарниот уметник Нешовски веќе почна со работа во „Центар-Јадро“.

„На мое големо задоволство и на задоволство на моите млади ученици, на возраст од 5 до 12 години, продолжуваме со редовните активности, двапати неделно во ‘Центар-Јадро’. Ова навистина е прекрасен простор, во кој децата имаат услови да цртаат, сликаат и учат во атмосфера на креативна дружба. Благодарност до Општината и до КСП ‘Центар-Јадро’ што ни го отстапија просторот бесплатно“, вели Нешовски.

Во општинскиот Младински центар „Матично“ е преместено и детското драмско студио, кое функционира во рамките на МКЦ. Театарските работилници ќе се одржуваат еднаш неделно, во саботите, под водство на професионалните актери Нина Максимова, Благојчо Стојанов и Јанка Лефкова.

Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека Општината останува отворена за сите креативци, уметници и едукатори, кои придонесуваат за културниот живот во градот.

„Центар е дом на културата, во кој се добредојдени сите креативни сили. И, затоа, во рамките на Општината, ги создадовме овие отворени простори за да ја заживееме културната сцена на Скопје. Продолжуваме да ги промовираме уметноста, творештвото и уметниците“, порача Герасимовски.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе

Грција воведува шестдневна работна недела

Читај повеќе