Орбан дојде на натпревар со шал со карта на Голема Унгарија

Виктор Орбан не престанува да провоцира.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера дојде на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу унгарската и грчката репрезентација во Будимпешта со шал со карта на Голема Унгарија, на која е прикажана територијата на Унгарија во Австро-унгарската монархија, кога таа се прошири на сметка на соседните народи, а делови од Хрватска ги прикажува како унгарска територија.

URL

Таквата Голема Унгарија исчезна со Тријанонскиот договор од 1920 година, по Првата светска војна.

Алин Митута, романски пратеник во Европскиот парламент, на Twitter порача дека поради вакви работи лидерите на Европската Унија треба да го казнат и изолираат Орбан.

„Ова е уште еден неодговорен потег на Виктор Орбан, кој денеска се појави со шал со карта на Голема Унгарија. Тоа е ревизионистички гест што го става Орбан покрај Путин, кој исто така сонува за промена на границите. Лидерите на ЕУ треба да го санкционираат и изолираат во Европскиот совет“, пишува Митута.

URL

Орбан со години присвојува делови од Хрватска

Орбан и претходно објави мапа на Унгарија со пошироки граници од денешните која опфаќа и значајни територии на соседните земји.

Во 2019 година, Канцеларијата за меѓународна комуникација на унгарската влада на својот Twitter профил објави историска карта на Унгарија, која опфаќа голем дел од Словенија, но и делови од Хрватска како што се Меѓимурје, дел од Барања и Кварнер. Картата објавена на профилот на Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан сугерираше дека значајни делови од Хрватска треба да ѝ припаднат на Унгарија.

Истата година, тој одржа состанок на претседателството на неговата десничарска популистичка партија Фидес под огромна врамена карта на „историска Унгарија“, која опфаќа голем дел од Хрватска, сè до Риека и Далмација.

Следната година Орбан на својата Facebook страница објави честитка до матурантите кои тој ден полагаа историја. Пораката беше илустрирана со фотографија од глобус на која е прикажана Голема Унгарија, која вклучува дел од Хрватска.

На границата на Унгарија и Словачка, Орбан откри споменик во 2020 година по повод стогодишнината од потпишувањето на Тријанонскиот договор. Меѓу спомен-плочите, покрај веќе стандардната карта на Голема Унгарија, има и плоча на која пишува „Fiume - tengerre magyar“.

Орбан годинава даде нова скандалозна изјава за хрватската територија. Во интервју за заедничкото ембарго на Европската Унија, на кое се противи Унгарија, тој зборуваше за тоа дека земјите со мориња и пристаништа можат да носат нафта со танкери. Тој потоа изговори реченица во која имплицираше дека хрватското море ѝ е одземено на Унгарија.

„Да не ни го земеа морето, ќе имавме пристаниште“, рече Орбан.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе