Основен суд Скопје 1 потврди дека раководител ја нападнал портпаролката

Основниот суд Скопје 1 Скопје, вчера вечерта се огласи со соопштение по медиумските информации за физички инцидент во овој суд, и потврдува дека во просториите на судот раководителот на одделот за човечки ресурси Г.С. физички нападнал еден од портпаролите П.К., во присуство на судија од одделот за претходна постапка С.Ј.

Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје доцна попладнето се случи тежок инцидент кој бил разрешен откако дошла полицијата. На инцидентот му претходела нервозна и крајно тензична дискусија која била во насока на жестоки напади од вработен кон претседателот на судот Владимир Панчевски. Во таквата атмосфера, вработена во судот побарала да не се напаѓа и клевети Панчевски, на што еден вработен превртел биро и се втурнал кон вработената, а потоа била повикана полициска асистенција.

Како што наведуваат од судот, Г.С. прво вербално ѝ се заканил на П.К., а потоа ја турнал од столчето „загрозувајќи ѝ ја сигурноста со упатени закани по животот и телото“ и потоа ја напуштил просторијата. Нападнатата веднаш телефонски го пријавила настанот во МВР при што интервенирала полицијата и случајот е документиран и преземен од инспекторите за насилен криминал при МВР.

Нападнатата поднела кривична пријава за нападот според член 144 ст. 3 „Загрозување на сигурноста“, која понатаму треба да се процесуира од надлежните органи.

„Во врска со настанот и од страна на судската управа ќе бидат преземени соодветни мерки“, се вели во соопштението од кривичниот суд Скопје.

Се демантираат, како што се наведува, „тенденциозните шпекулации дека во судот имало физички напад при кој имало превртување на бироа и уништување на инвентарот, а во кој настан бил вклучен и претседателот на судот“.

Вчера беше објавено дека петнаесетмина судии од Основниот суд Скопје 1 Скопје упатиле известување до Судскиот совет и до Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија со кое бараат против претседателот на судот Владимир Панчевски да бидат преземени соодветни мерки поради негово постапување „имајќи ја предвид должноста на претседателот на судот да внимава да не се наруши угледот, честа и достоинството на личноста“.

Тие во дописот потсетуваат дека Панчевски на интернет страницата на судот, но и во медиумите јавно објави дека поднесува кривина пријава против судијата Иван Џолев. Тоа е спротивно на член 97 став 3 од Законот за судовите поради што Панчевски треба да понесе одговорност, велат неговите колеги.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе