Откриена големата тајна на Гарет Бејл: Пред секој натпревар јадел грав

Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Џермејн Џинас, откри какви навики во исхраната имал Гарет Бејл пред натпреварите, а она што го кажа апсолутно ги изненади сите.

Џинас изјави дека обично јадел чинија житарици пред натпреварите, додека Бејл имал сосема поинаков начин на подготовка.

„Тоа е единствениот начин на јадење што се сеќавам дека го видов и бев вчудоневиден. Бејл пред секој натпревар имаше пет парчиња тост и брзо потпечен грав“, откри Џинас.

Призна и дека еднаш се обидел да ја ископира оваа рутина на Бејл, но не завршил славно.

„Еднаш се обидов да го ископирам и не поминав добро“, откри Џинас во интервју за англиските медиуми, а пренесува Marca.

Бејл беше член на Тотенхем од 2007 до 2013 година кога се пресели во Реал Мадрид, а кариерата ја заврши пред нешто повеќе од една година во дресот на американскиот Лос Анџелес.

Џинас е икона на лондонскиот клуб за кој одигра 202 натпревара и постигна 26 гола, а фудбал не игра веќе десет години. Денес има 40 години и работи како коментатор за TNT Sports.

Низ целата кариера луѓето кај нас погрешно го изговараа неговото презиме, Џенас наместо Џинас. Истиот проблем го имаше и во Англија, па по некоја година, кога играше за Њукасл, јавно замоли да го викаат Џинас.

„Би ви бил благодарен доколку ме викате Џинас, така се презивам, а не Џенас. Многу ме критикуваат дома затоа што сите ми го грешат презимето. Татко ми кога бил млад се викал Dennis Genas. Но, сакал да го промени за иницијалите да му бидат D.J., како ДиЏеј. Кога сум се родил, ме завеле како Jenas, но изговорот останува Џинас“, во една прилика ја објасни сагата со неговото презиме.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Фудбал

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Read more

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Read more
 

Спорт

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Клоп ги насмеа новинарите на последниот прес за Ливеерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе