Отворена аудиција за нов македонски филм

„Круг филм“ објави отворена аудиција за играниот филм „Сестра“ во режија на Дина Дума, а во продукција на Круг филм и Лист продукција.

Сите кандидати кои се заинтересирани за улогите во филмот, а се на возраст од 15 до 25 години, се поканети на аудицијата што ќе се одржи на 20.04 (сабота) и 21.04 (недела) во Вардар Филм (ул. 8 март бр.4) од 10:00-18:00 часот.

„Сестра“ е приказна за соочувањето со последиците од сопствените акции, на две најдобри другарки, тинејџерки, и е тест за нивното другарство.

Исто така, повикот важи и за кандидати кои се заинтересирани да бидат статисти, а се на било која возраст.

Аудицијата ќе се состои од фотографирање и кратко видео претставување, а ќе биде реализирана од кастинг агенцијата „Гужва“.

Филмот „Сестра“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

реклама

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more
 

Вести

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе