Audi ни подготви изненадување за овогодинешното издание на Concours d’Elegance во Пебл Бич.
Сосема неочекувано, Audi ја покажа првата фотографија од концептот на електричен суперавтомобил PB18 E-Tron. За автомобилот уште нема конкретни информации, но шпекулациите веќе почнаа да се редат.
Moраме да признаеме дека со нетрпение го очекуваме 26-ти август и официјалната премиера, но веруваме дека во меѓувреме ќе протече уште некој детал од Инголштад.