Озонската дупка е сè помала, но мора да бидеме внимателни

Антарктик, 14 октомври 2019 (МИА) – Дупката во стратосферата над Антарктикот е најмала во последните 30 години, но сепак треба да ја гледаме како аномалија, велат научниците.

– Опоравувањето на озонскиот слој над Антарктикот не смее да се зема здраво за готово, и понатаму мора да бидеме внимателни, порача доктор Џонатан Шанклин, еден од научниците кој прв во осумдесеттите години од минатиот век го документираше проретчувањето на озонската обвивка.

Дупката во стратосферата над Антарктикот е најмала во последните три децении, што е многу добра вест, но сепак треба да се смета за аномалија.

Намалувањето на дупката во озонската обвивка се припишува на брзото затоплување во големите височини, што повремено се јавува.

– За да утврдиме дали меѓународните договори се применуваат во пракса, треба долгорочно да го гледаме овој проблем. Првично, можеби ќе помислите дека навистина сме ја обновиле озонската дупка, но не сме. И иако работите одат кон подобро, сѐ уште има многу земји кои емитуваат хлорофлуорокарбонати (фреони, CFC), хемикалии одговорни за овој проблем и со такви резултати не можеме да бидеме задоволни, изјави Шанклин за BBC.

Во 1985 година тој заедно со колегите Џо Фарман и Брајан Гардинер, прв го предупреди светот дека озонската обвивка над Антарктикот секоја пролет се разредува.

Озонот го филтрира штетното ултравиолетово сончево зрачење. Нивното откритие ги потврди предвидувањата и на другите научници, што резултираше со протоколот од Монтреал.

Потписници се обврзаа на намалување на употребата на фреон за 50 проценти. Протоколот од Монтреал беше зајакнат со две ревизии, една во 1990 година потпишана во Лондон и една од 1992 година потпишана во Копенхаген, со кои беше побарано до 2000 година од употреба да се исфрлат фреони, халони и други халогенирани јаглеводороди. До денес, Протоколот од Монтреал го потпишаа 150 земји.

Со овој меѓународен договор, постепено се укинуваа хемикалиите што содржат хлор и бром и се знае дека го оштетуваат озонот. Во тоа време, овие супстанции се користеле како средства за ладење и како средства за чистење.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе