Пад во продажбата на автомобили, производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Продажбата на автомобили во ЕУ падна во март за прв пат од почетокот на годината, соопшти денеска здружението на производители ACEA.

Еден милион нови автомобили се регистрирани во ЕУ во март, за 5,2 отсто помалку од истиот месец лани, пресмета ACEA. Во февруари скокна за 10,1 отсто.

Европскиот пазар на електрични автомобили за батерии падна во март двојно повеќе од пазарот како целина, за цели 11,3 отсто, пресмета ACEA, истакнувајќи го падот од 28,9 отсто во Германија. Сепак, пазарниот удел на електричните автомобили незначително се зголеми во однос на февруари, на 13 проценти.

Во првиот квартал од оваа година, европскиот пазар за нови автомобили порасна за 4,4 отсто, со регистрирани 2,8 милиони возила, пресмета ACEA. Меѓу водечките пазари, Италија и Франција забележаа најголем раст, со стапка од 5,7 отсто. Следуваат Германија и Шпанија со пораст на продажбата од 4,2 односно 3,1 отсто.

Производителите го преиспитуваат укинувањето на бензинците

Вториот пад на побарувачката во последните четири месеци во голема мера се должи на укинувањето на државните субвенции за електрични возила, по кои, според падот на интересот на купувачите, следат оние со дизел мотори.

Продажбата на електрични автомобили во истиот период паднала за цели 11 отсто, објави Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA). Една од главните причини за тоа е фактот што опаѓа интересот на клиентите на некои од клучните пазари за овој тип возила, во Германија, Шведска и Норвешка.

Ова е втор пад на побарувачката во изминатите четири месеци, што доаѓа откако државите постепено ги укинуваат некогаш дарежливите субвенции за купување електрични возила. Во исто време, производителите на автомобили се соочуваат и со економски притисоци кои доаѓаат како резултат на зголемувањето на каматните стапки и послабиот економски раст.

Една од последиците на ваквиот тренд е фактот што производителите почнуваат да ги преиспитуваат своите планови за прекин на производството на мотори со внатрешно согорување или размислуваат да се откажат од своите планови и цели за производство на електрични возила.

Една од највисоките стапки на пад - дури 34 проценти - е забележана на италијанскиот пазар, а причината поради која клиентите се двоумат да купат нови автомобили може да биде тоа што италијанската влада ја разгледува можноста за воведување нови субвенции.

И Германците во голем процент се откажуваат од новите автомобили, па така продажбата на електрични возила на локалниот пазар падна за 29 отсто. Не помогна многу ниту мерката што ја презедоа некои производители, како на пример Volkswagen, кои воведоа сопствени попусти во обид да го надоместат недостигот од субвенции.

И додека на електричните автомобили „не им цветаат ружи“, возилата со хибриден погон постигнаа раст на продажбата од 0,7 отсто, што ја надмина продажбата не само на електричните, туку и на автомобилите со бензински мотори, чија продажба, меѓу март и март, падна за 8 проценти.

Во неелектричниот сегмент, најлошо поминаа дизелите, кои денес ги бараат 18 отсто од клиентите отколку пред помалку од една година.

Ако се повлече линија под најновите податоци на Европската асоцијација на производители на автомобили, ситуацијата на европскиот пазар изгледа вака: најголем удел имаат бензинските автомобили со 35,4 отсто, додека електричните автомобили заземаат 13 отсто од пазарот.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе