Пејачот на оригиналната Pokémon песна влезе во студио да ја отпее повторно
Покрај многуте чукнати работи кои се случуваат во последно време како последица на колективното лудило кое го зафати светот поради Pokémon Go, сега доаѓа нешто што ќе им ја пукне носталгијата до максимум на носталгичарите по 90-тите.
Џејсон Пејџ, пејачот кој своевремено ја изведе оригиналната Pokémon тема, влезе повторно во студио да го креира првиот официјален перформанс на оваа песна. А гледајќи го него заедно со анимациите од почетокот на тв серијата, е премногу за оние кои пораснале гледајќи ги.