Пет нови места прогласени за македонски природни реткости

МЖСПП донесе Решение со кое Киселичката пештера, охридскиот Чинар, Дабот благун, Црната дудинка и геолошкиот локалитет кај Ѕвегор се прогласуваат за нови природни реткости во Републикава.

Решенијата за прогласување природните реткости се објавени во Службениот весник Број 174 од 22 август 2019 и во Број 205 од 7 октомври 2019, а Министерството за животна средина и просторно планирање денеска тоа го објави на својата официјална веб-страница.

Киселичката пештера се наоѓа во котлината Пијанец, во атарот на делчевското село Киселица. Пештерата се наоѓа на левата долинска страна на еден безимен поток кој припаѓа на сливот на Киселичка Река, десна притока на реката Брегалница. Главниот влез се наоѓа на надморска височина од 770 метри.

Чинарот во Охрид се смета за најстаро дрво во државава, а преданијата велат дека лично го засадил Св. Климент Охридски во 9-тиот век. Стручните лица сметаат дека дрвото е старо 6 века. Се наоѓа во Старата чаршија и претставува туристичка атракција.

Дабот од видот Благун е дрво кое се наоѓа во село Бели, кочанско. Староста на дрвото се проценува на околу 680 години иако никој не може со сигурност да каже кога и од кого е засаден. Обемот на дрвото е околу 10 метри, а пред да се скрши една од гранките распонот бил близу стотина метри.

Црната дудинка се наоѓа во дворот на манастирот Свети Гаврил Лесновски во село Лесново, пробиштипско. Од видот Morus nigras, важи за најстара дудинка во Македонија чија старост се проценува на скоро 6 века.

Карактеристичниот геолошки профил на карпи се наоѓа околу еден километар од селото Ѕвегор, делчевско. Се работи за специфична формација на карпи настанати по природен пат.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе