Пет работи кои потврдуваат дека нешто не е во ред во врската

Љубовта е слепа, а често нè заслепуваат и работи кои никако не смееме да ги прифаќаме како нормални. Овие знаци покажуваат дека нешто не е во ред со вашата врска.

1. Не се радувате на неговиот повик

Името на личноста со која сте во врска треба да ви измами насмевка кога ќе го видите на екранот додека телефонот ѕвони, но ако почесто се мрштите кога ќе ви се јави, значи дека нешто не е во ред.

2. Секогаш ги ставате неговите потреби пред вашите

Во нормална врска односот треба да биде од прилика 50:50. Ако секогаш размислувате за тоа што тој сака и себе се ставате на второ место, а тој тоа мирно го прифаќа, не сте во врска добра за вас.

3. Сите негови ветувања се неисполнети

Ако постојано ветува работи кои никогаш не се остваруваат, тоа е знак дека манипулира со вас.

4. Постојано наоѓате оправдувања за неговото однесување

Некои работи може да се оправдаат, но кај некои треба да се подвлече црта. Ако за секое негово однесување барате оправдување и често себе се обвинувате, не сте во здрава врска бидејќи тоа дефинитивно не е нормално.

5. Самодовербата ви е урната

Добрата врска нè исполнува со самодоверба, а ако вашата е во постојан пад веројатно е така поради фактот дека прифаќате работи кои никако не смеете да ги прифатите.

реклама

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе