По распитот на Јанева за „Рекет“, нема новоосомничени

Скопје, 21 август 2019 (МИА) – Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вели дека не чувствува вина за случајот „Рекет“, но на петчасовниот распит вчера во Обвинителството за организиран криминал за случајот беше во придружба на адвокатот Стеван Павлевски.

Шефицата на СЈО во оставка Јанева, на влез во ЈО, пред новинарите изрази очекување  дека нејзиниот исказ ќе помогне да се забрза истрагата за „Рекет“ и потсети дека таа се уште е специјален обвинител и дека нејзините колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд.

По петчасовниот распит во ЈО, иако Јанева пред новинарите застана расположена за зборување, поголемиот дел од комуникацијата беа новинарските прашања.

Јанева рече дека „засега не може и не смее“ да каже дали е нејзиниот гласот на објавената видео снимка со Јордан Камчев, дека „не знае“ дали истрагата ќе се прошири и на неа, како и дека „не знае“ дали има инволвирано некој политичар во случајот и дека „има време да се објасни“ зошто предложила спогодба за осомничените за „Империја“ и „Поштенска банка“.

Досега во врска со случајот во Обвинителството искази дадоа во својство на сведоци тројца обвинители од СЈО Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, но како единствени осомничени се уште се Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се наоѓаат во притвор.

На распит во ООК беше донесен и второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Под сомнение за изнудување пари Бојан Јовановски и Зоран Милески беа уапсени на 15 јули, по што им беше одреден притвор. Случајот доби и интернационална димензија, откако интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“ во 8 август објави видео снимка, а подоцна и снимени разговори во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе