Во тетовското село Вратница почина седумгодишно дете откако капија на којашто се качувало, му паднала врз глава.
Несреќата се случила вчера вечерта околу 20.30 часот во тетовското село Вратница.
Детето додека играло со други деца се качило на капијата, од којашто паднало, а потоа паднала и капијата што го удрила во главата.
Од здобиените повреди детето починало на местото на настанот.