Почнува МОТ, 18 претстави до 28 септември

Скопје, 19 септември 2018 (МИА) - Осумнаесет претстави од денеска до 28 септември ќе понуди програмата на 43. Меѓународен театарски фестивал „Млад отворен театар“. Ќе настапат повеќе од 200 артисти  на осум сцени во главниот град.

- Жанровски, естетски и програмски МОТ е можеби најразличен досега како целина. Девет фестивалски вечери со претстави од многу европски земји, во придружните програми и од Египет и Русија, рече на прес-конференција по повод фестивалот Русе Арсов, директор на Младинскиот културен центар - организаторот на МОТ.

Фестивалот вечер од 20 часот во МНТ ќе почне со белгиската „Блокбастер“ на „Колектив Мензуел“. Темите што ги отвора претставата се екстремната сиромаштија во светот, како и еколошките проблеми на планетата.

Се работи за претстава-филмска пародија, создадена со повеќе од 1400 кадри од 160 холивудски филмови. За време на претставата, филмот се прикажува во заднина, а членовите на „Колектив Мензуел“ на сцена ги произведуваат сите звуци и шумови, дијалози и целата музика.

На МОТ (mot.mk) годинава ќе гостува Словенско младинско гледалишче со „Идиоти“ според сценарио на познатиот дански режисер Ларс фон Трир, претстава што едновремено е и смешна и критична, промислена, лесна и возбудлива. Германската претстава „Има уште“, пак, е експеримент и ново колективно кореографско искуство.

Новосадско позориште ќе го претстави на сцена текстот на Данило Киш, „Гробница на Борис Давидович“, во режија на Александар Поповски на унгарски јазик. На програмата е и „Странци“ на Драмски театар во режија на Нела Витошевиќ, за која МКЦ наведува дека е претстава што ги отвора  дилемите колку соочувањето со вистината нѐ прави подобри луѓе.

Португалската театарска компанија на Жоа Гарсија Мигуел ќе се претстави со „Го убивме шугавото куче“ - дел од проектот „Африкански бранови“, а „Балканската рута“ ќе ја прикаже маршрутата по која се движел театарскиот и филмски режисер Франц фон Столхен, по чие сценарио маршрутата почнува како театарски перформанс. Во оваа претстава учествува и македонската актерка Наталија Теодосиева.

На фестивалот ќе биде изведена и „Чудна шума“ на кореографката Искра Шукарова, која ја поставува со студентите на ФМУ, како и премиерата „Шииит“ на домашната независна театарска трупа „Артопија“ во режија на Ирем Ајдим.

На 43. МОТ ќе биде изведена и најновата претстава на Битолскиот народен театар „Но(е)ва Македонија“ во режија на Кокан Младеновиќ, ангажирана општествена сатира, која реферира на историската мегаломанија на поранешната македонска власт.

Дел од МОТ ќе бидат и соло-проектот на Словенецот Марко Булц „Прва алтруистичка приказна“, „Болница“ на Јо Стромгрен компани од Норвешка, „Над земја под облаци // некаде помеѓу” во режија на Ирем Ајдим на „Ентропи студио“ од Истанбул.

Босанското народно позориште во Зеница доаѓа со претставата „Буре барут“ на Дејан Дуковски, во режија на Нина Николиќ. Ќе гостува и корејската претстава „(Во живо) БЈ Фауст“ на театарската компанија „Сисифе“ од Сеул, а фестивалската програма на 28 септември ќе заврши со „Црнила ремикс“ според класичното драмско дело на Коле Чашуле, музичко-драмски перформанс поставен од Јордан Симонов  во продукција на Младинскиот културен центар.

Млад отворен театар ќе се одржува на осум сцени во Скопје  - Македонски народен театар, Македонска опера и балет, Кино Култура, Македонска филхармонија, Универзална сала, Кино Фросина – МКЦ, Дансинг сала во МКЦ и Драмски театар.

Фестивалот ќе има и богата придружна програма - два концерта, изложба „Сценографии 35“ - ретроспектива на 35-годишната сценографска кариера на Крсте С. Џидров, одбележување 70 години на меѓународната мрежа на Интернационалниот театарски институт на УНЕСКО со претставување на драмската авторка, филмска сценаристка и актерка од Русија, Јарослава Пулинович, и промоција на електронската книга „Сирота мала богата драма“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе