Почнува процесот за целосна исплата на отштета на поплавените

Владата на денешната седница донесе одлука за почеток на процесот на исплата на целосната оштета за оштетените од августовските поплави.

„Како што беше ветено, исплатената целосна оштета ќе биде во висина од 100% од проценетата штета. Исплата на 100% оштета од висината на проценетата штета го прават многу, многу малку земји во светот. Овој факт за 100% обесштетување од проценетата штета е централна суштина и фокус на овој процес, и потценувањето и минимизирањето на овој факт е некоректно и погрешно, напротив тој факт би требало соодветно да се акцентира и вреднува. Граѓаните треба да се сигурни дека ние нашето ветување го исполнуваме, а сите ние да инвестираме во таа сигурност, и како средства и како амбиент“, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Согласно одлуката на Владата процесот на исплата на целосната оштета ќе се реализира во неколку транши. Согласно одлуката која е донесена денеска, во првата транша на исплати ќе следува исплата на оштетата за 947 предмети кои ќе добијат 100% од проценетата штета, за која што цел за овие 947 предмети се издвоени 118 милиони денари.

„По наша проценка апроксимативно има околу 4.000 предмети врз основа на кои треба да се исплати оштета, точниот вкупен број не е се уште утврден заради тоа што процесот на утврдување на точноста на секој предмет е се уште во тек, така да во оваа прва транша се опфатени приближно околу 25% од предметите. Значи, понатаму како што ќе се прочистуваат и комплетираат останатите предмети ќе следуваат нови транши на исплата на други домаќинства, исто така во висина од 100% од проценетата штета. Целиот овој процес би требало да заврши во период на октомври и ноември“, појасни Ѓорѓиев.

Досега се извршени авансни исплати од по 30.000 денари по предмет за 3.074 предмети. Останатите, по проценка околу 1.000 предмети нема да добијат авансна исплата туку веднаш ќе добијат комплетна оштета во висина од 100% од проценетата штета, односно кај овие предмети наместо во два чекора, авансна па комплетна исплата, процесот ќе оди во еден чекор директна комплетна исплата.

„Оние кои добиле авансна исплата ќе добијат целосна, комплетна исплата која ќе претставува разлика од вкупната проценета штета и авансната исплата. На пример ако по основа на предмет била исплатена авансна исплата од 30.000 денари, а вкупната проценета штета е 330.000 денари, сега по основ на тој предмет ќе бидат исплатени дополнителни 300.000 денари, затоа што 30.000 денари веќе добиле со авансот. Оние кои не добиле авансна исплата ќе добијат директно комплетна исплата на целата штета“, рече Ѓорѓиев. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе