СВЕТСКО РАКОМЕТНО ПРВЕНСТВО 2019

Почнува „ракометната еуфорија“ - Да навиваме за Македонија!

Денес почнува Светското ракометно првенство коешто оваа година се одржува во „најракометните“ земји во светот - Германија и Данска. Повторно нѐ фаќа еуфорија, се подгреваат очекувањата, се предвидува, се прават комбинаторики... Влегуваме во „ракометна треска“ која барем за момент ни го одвлекува вниманието од секојдневието, и нѐ прави горди што нашата репрезентација се бори за пласман рамо до рамо со најдобрите екипи.

Со години наназад, нашата машка ракометна репрезентација е главен „виновник“ за гордоста што ја чувствуваме со секој гол, секоја победа на  врвните ракометни настани. Тимот е  составен од професионалци кои играат за најдобрите европски екипи, идоли на многу млади во земјава, пример за истрајност и спортски дух... На Мундијалот во Германија и Данска нашите момци ќе бидат сместени во групата Б, каде што задачата за пласман во наредната рунда на светскиот ракометен собир воопшто нема да биде лесна, затоа што ќе имаат квалитетни ривали.

Раул Гонзалез на Светското првенство ќе води подмладен тим, кој ќе се бори со: европскиот првак Шпанија, секогаш незгодната Хрватска, редовниот ривал Исланд, како и азиските селекции Јапонија и Бахреин, за кои се вели дека се „меч со две острици“.

Со вакви опасни противници, бодрењето на нашите ракометари од трибините во Минхен ќе биде голем поттик за победа.

Македонски Телеком и оваа година, како партнер на ракометната федерација испраќа група навивачи во Германија, кои беа избрани по случаен избор, откако точно одговорија на неколку прашања за ракомет на Фејсбук страницата на Телеком. Среќните фанови ќе го бодрат нашиот тим на натпреварите со репрезентациите на Јапонија, Бахреин и Хрватска.

Нам пред малите екрани ни останува да навиваме како да сме навистина во Минхен. Доаѓа она време од годината кога сите се сплотуваме, почнува ракометната треска, Светското првенство 2019. Да навиваме за Македонија!

*Промотивен текст

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе