Политиката меша прсти: Дали Израел ќе биде исфрлен од Евровизија?

По повиците за бојкот откако беше потврдено дека Израел ќе учествува на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, сè повеќе петиции бараат „исклучување на Израел поради воените злосторства во Газа“, а Европската радиодифузна унија (ЕБУ) исто така се огласи по ова прашање.

Фински и исландски уметници, како и демонстранти во Норвешка, бараат да му се забрани на Израел да учествува на Евровизија. Тие се придружуваат на гласовите на пропалестински уметници и активисти кои се противат на учеството на земјата во изданието во 2024 година што ќе се одржи во мај во Малме, Шведска.

Од 5 декември 2023 година, кога беше официјализирано дека на Евровизија 2024 година ќе учествуваат 36 земји, меѓу кои и Израел, има сè повеќе повици за бојкот на натпреварот.

Уметниците, вклучително и Аксел Енстром, кој ја претставуваше Финска на Евровизија 2011 година, рече дека доколку Израел не биде исклучен од натпреварот, Финската радиодифузна компанија (Yle) треба да го бојкотира натпреварот и да одбие да го испрати учеството на Финска.

Авторите на петицијата, исто така, го обвинија Yle за двојни стандарди, бидејќи радиодифузната компанија беше една од првите што побара забрана за учество на Русија на Евровизија, по нејзината инвазија на Украина во 2022 година.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ја надгледува организацијата на натпреварот, повтори дека Евровизија е „аполитичен“ настан и дека Израел ги исполнува сите услови за учество.

„Натпреварот за песна на Евровизија е натпревар помеѓу јавните сервисни организации од цела Европа и Блискиот Исток кои се членки на Европската радиодифузна унија (ЕБУ)“, наведуваат во соопштението.

ЕБУ, исто така, рече дека сака да го зачува статусот на натпреварот како „аполитичен настан што ја обединува публиката ширум светот преку музиката“.

Интересно е што ЕБУ немаше ваков став кога е во прашање војната меѓу Украина и Русија, каде во февруари 2022 година донесоа одлука Русија да ја исфрли од натпреварувањето.

„Одлуката изразува загриженост дека, во светлината на кризата без преседан во Украина, вклучувањето на руско учество во овогодинешниот натпревар ќе му наштети на угледот на натпреварот“, изјавија тогаш тие.

Во мај истата година стапи на сила суспензијата на членовите на ЕБУ од Русија, поради што оваа земја го загуби правото на неопределено време да емитува и да учествува на идните Избори за песна на Евровизија.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Музика

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе