Помилуван целиот политички врв на ВМРО-ДПМНЕ, Заев, Црвенковски

Во Службениот весник официјално се објавени имињата на политичарите кои со вчерашната одлука ги помилува претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Објавени се 40 одлуки за помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка за 55 лица и една одлука за помилување на осудено лице.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е помилуван 16 пати во различни постапки, додека поранешната Министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска е помилувана 13 пати, односно се сомничела за 13 различни кривични дела.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски е помилуван за седум кривични постапки, додека поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање е помилуван во шест постапки што се воделе против него.

Мартин Протоѓер, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е осомничен и сега помилуван за пет кривични дела, додека Генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски за четири дела.

Сите политичари чии гласови ги слушнавме во прислушуваните разговори што ги објавуваше лидерот на опозицијата, Зоран Заев нема да одговараат за криминалот за кој се сомничат.

Во списокот на помилувани и е и самиот Заев кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“ заедно со поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски. И двајцата се помилувани за две кривични дела. Два пати е помилувана и Ирена Мишева, член на бордот на директори на „Телеком“.

Иванов го помилува и неговиот претходник, Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на СДСМ и претседател на државата кој е осомничен за случајот „Надеж“.

Дел од Обвинителите кои треба да ги расчистуваат случаите со прислушуваните разговори кои предизвикаа политичка криза во земјава се најдоа на списокот на претседателот. Обвинителите, Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски се помилувани за кривичното дело, вршење притисок врз сведоци, кое им се става на товар.

Ова се имињата на сите помилувани објавени во Службен весник:

Ирена Мишева, Миле Јанакиески, Живко Пејковски, Гордана Јанкулоска, Љупчо Димовски, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими, Мартин Протоѓер, Љупчо Тодоровски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Никола Груевски, Трајко Трпевски, Мирослав Јовановиќ, Горан Грујевски, Тони Трајковски, Жарко Луковски, Зоран Заев, Трајко Вељаноски, Зоран Верушевски, Ивица Анчевски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Горанчо Тодев, Метуш Шабани, Новица Станковски, Коце Трајановски, Владимир Тодоровиќ, Ристо Новачевски, Тодор Мирчевски, Киро Тодоровски, Надица Велевска, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Коста Митровски, Владимир Талевски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски, Валентина Симоновска, Ѓорѓи Лазаревски, Соња Верушевска, Бранко Полифров, Анета Станчевска, Исмет Гури, Дејан Митровски – Урко, Коста Крпач, Владислав Стајковиќ, Христијан Панев, Бранко Црвенковски, Божидар Јанковски, Светлана Костова, Хаим Хакини, Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Звонко Костовски.

Иванов вчера донесе општ акт со кој ги запре сите кривични постапки што се водат против политичарите од власта и опозицијата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе