Помпео го обвини Иран за нападите со дронови во Саудиска Арабија

Вашингтон, 15 септември 2019 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа го обвини Иран за нападите врз саудиските нафтени постројки, бидејќи ја исклучи вмешаноста на Јемен во нив. Притоа тој го обвини официјален Техеран дека се занимава со лажна дипломатија.

„Техеран стои зад речиси 100 напади врз Саудиска Арабија, додека Рохани и Зариф се претвараат дека се вклучени во дипломатијата“, напиша Помпео на својот Twitter профил.

И покрај сите повици за деескалација Иран сега почна напад без преседан на светското снабдување со енергија, додаде Помпео, не нудејќи докази за потеклото на нападот, пренесуваат британските медиуми.

Припадниците на јеменското племе Хути вчера ја презедоа одговорноста за нападите со дронови врз погоните на компанијата Saudi Aramco, соопшти воениот портпарол на Хутите.

Локалната телевизија al-Masirah, блиска до оваа бунтовничка група, јави дека Хутите употребиле 10 дронови за напади врз нафтените постројки и ветиле дека ќе ги прошират нападите врз Саудиска Арабија, која ја предводи коалицијата против нив во Јемен.

Саудиска Арабија претходно соопшти дека две нивни постројки биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари, но не наведе кој стои зад нападот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе