Попоски до Бушати: Секој да си гледа во сопствениот двор, потребна е реторика за 2017, а не за 1913 година

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на својот албански колега Дитмир Бушати му порача дека „денес во Европа е потребен речник и култура за 2017 година“и дека „ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира“, како реакција на изјавата на албанскиот министер, кој Македонците ги нарече „Славомакедонци“.

„Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома, но, сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка. Најдобро е пред секој обид за демонстрирање на глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости“, се вели во реакцијата на Попоски.

Македонскиот министер додал дека Албанија се соочува со доволно проблеми на внатрешен план, на кои треба да се посвети, и дека не верува оти случувањата во Македонија се приоритет за даночните обврзници во Албанија.

„Проблемите со правниот систем, борбата со криминалот и корупцијата, основните човекови права и слободи се дел од оние што се идентификувани од Европската комисија кај нашиот сосед, а и на други места. Објективно, сите ние имаме повеќе од доволно домашни проблеми за да се занимаваме со туѓите. Кој како именува некого е веројатно и одраз на почит и воспитување. Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира. Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година“, порача Попоски.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе