Porsche минатата година го претстави својот Mission E концепт и најави дека ќе влезе во битка со Tesla на пазарот на електрични возила. Сега компанијата од Штутгарт порачува дека нивниот е-автомобил ќе биде чистокрвно Porsche и дека ќе биде „нешто посебно“.
Еден од менаџерите на Porsche неодамна изјави дека полека се подготвуваат за масовно производство, како и дека тој модел во голема мера ќе се разликува од конкуренцијата.
Според истиот менаџер, познатиот Insanity мод со кој се гордее електричниот ѕвер на Елон Маск не е „ништо друго освен шминка, која ја троши целата батерија ако се искористи два пати“.
„Нашата батерија ќе трае, а возачите ќе можат да возат жестоко постојано, без автомобилот да се прегрева, или пак да биде неудобна за возачот“ - вели претставникот на германската компанија.
Информациите се дека Porsche работи на соодветен одговор на лудило копчето кај Tesla, а слично решение развива и Audi за својот електричен автомобил.
Сепак, за моделот на Porsche ќе мораме да почекаме до 2019 година.
Она што е новост е дека Porsche планира повеќе верзии на овој автомобил, од кои некои ќе имаат послаби мотори и батерии, а со тоа и пониска цена. Планот е основната верзија да има 440kW и домет од 500 километри со едно полнење.