Се разбира, стилот што го претпочитате е на прво место, но ова е удобен и забавен начин да видите што велат бројките.
Ако размислувате да се потстрижете и не сте сигурни дали повеќе ви прилега кратка или долга коса, експертите кои работат за брендот за коса John Frieda го воведоа „правилото 5,5 см“, математичка формула за која велат дека може да помогне во пресметувањето на оптимална фризура за обликот на вашето лице.
Ќе ви помогне ако отсекогаш сте сакале да пробате кратка фризура, но се плашите дека можеби нема да ви одговара, и ако секогаш сте негувале пократка фризура и сте расположени да ја пуштите косата да порасне.
Според експертите, оптималната должина на косата зависи од аголот на вилицата.
Формулата го мери растојанието помеѓу брадата и ушната школка за да одреди дали повеќе ви прилега долга или кратка коса.
Доколку измерената должина е помала од 5,5 см, експертите велат дека ќе ви одговара кратка фризура. Од друга страна, ако растојанието е поголемо од 5,5, подолга коса (теоретски) најмногу ќе ви прилега.
Застанете пред огледало. Земете молив и ставете го хоризонтално под брадата.
Земете го линијарот и поставете го под прав агол на моливот и турнете го до нивото на ушната школка. Измерете го растојанието од увото до брадата, вертикално надолу.
Секако, математичката формула не е пресудна за изборот на фризура, но можеби може да помогне во донесувањето одлука. Водете сметка за обликот на лицето, како и за текстурата на косата, бидејќи и овие елементи играат важна улога во изборот на совршената фризура. Затоа, освен математичката формула, добро е да разговарате со фризер, кој ќе ви помогне да го пронајдете она што ви одговара.