Пред клучниот самит во Париз, во источна Украина убиени двајца војници

Киев, 2 декември 2019 (МИА) – Двајца украински војници се убиени во источна Украина, соопшти денеска украинската војска, на само една недела пред клучниот самит во Париз на кој уште еднаш ќе се направи обид за завршување на војната во оваа земја.

Според сооопштението на украинската војска, двајца војници се убиени со „непозната експлозивна направа“, додека биле на линија на одбраната од напади на проруските сепаратистички „групи за извидување и саботажа“.

Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека погинатите војници се нејзини припадници.

Украинскиот претседател Володомир Зеленскиј упати сочуство до семејствата на загинатите и порача дека очекува да се постигне прекин на огнот.

На 9 декември во Париз ќе се одржи самит на кој е закажан разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Зеленскиј, а тоа се постигна со посредување на Германија и Франција

Со цел да се дојде до завршување на војната, во која од 2014 година загинаа повеќе од 13.000 лица, ова ќе биде прва средба од 2016 година на највисоко ниво.

Мировниот договор за истокот од Украина беше постигнат и потпишан во Минск во 2015 година, а со него се овозможи значително намалување на насилството, иако неговата политичка компонента не се спроведе, за што завојуваните страни меѓусебно се обвинуваа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе