Времето во Македонија денеска претпладне на места ќе биде со значителна облачност, додека од пладне ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, а облачноста ќе се намали.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а дневните температури ќе бидат во интервал од 15 до 23степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска околу 11 и дневна температура до 21 степен.
УВ индексот ќе изнесува 5.
Од петок ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со свежи, во повисоките места студени утра. Во недела попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд.