Приватен авион со германски ознаки, кој попладнево полетал од Тревизо во Италија, исчезнал околу 17.40 часот од радарот на скопскиот аеродром „Александар Велики“.
Според првичните информации, во леталото имало шест лица, патници и членови на екипажот, а авионот во Скопје требало само да дополни гориво.
Сигналот бил изгубен на 10 километри од пистата, во близина на катлановско Кожле.
Истрагата е во тек.